ММС

Објавено на: 09/7/21 10:53 AM

Никој не умре во Тетово од ковид во последните 24 часа

После подолго време во тетовско нема евидентирано починат пациенти. Состојбата се стабилизира, но потреба е што поголема дисциплина од граѓаните ако сакаме колективен имунитет со почитување  на протоколите, но и помасовна вакцинација

После три недели со голем број починати пациенти меѓу кои и млади во Клиничката болница Тетово, изминативе 24 часа нема евидентирано починат пациент. Се намалуваат и бројот на хоспитализирани пациенти и амбулантски преггледи. Докторите велат дека добрите вести се резултат на се помасовната вакцинација, но и зголемувањето на свеста кај населението од тетовскиот регион ,

Инаку изминативе 24 часа има 9 нови приеми на пациенти позитивни на Ковид 19, 13 исписи, 135 амбулантски прегледи , што е за двојно помалку за разлика од пред десетина дена, кога вирусот во тетовско беснееше.

 

Зоран Димовски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1