ММС

Објавено на: 09/7/21 8:58 AM

Ми отстранија тумор, сега славам со сите вас голема победа – Се јави легендарниот Пеле од болницата во Сао Пауло

Конечно се дозна зошто еден од најголемите фудбалери на сите времиња, ако не и најдобриот, e цела недела во болницата. Безвременскио Бразилец Пеле во својата 80-та година од животот морал да оди на операција на тумор.

На Пеле му е отстранет тумор на дебелото црево и засега бразилската легенда се наоѓа на интензивна нега во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Пауло.

Се очекува во текот на денешниот ден да биде префрлен на регуларна нега.

Пеле сам октир дека бил во болница за да направи рутински прегледи кои не можел  да ги направи во текот на пандемијата која силно го удри Бразил.

– Му благодарам на Бога што се чувствувам добро и што им дозволи на лекарите Фабио и Мигел да се погрижат за моето здравје.  Во саботата бев опериран и ми отстранија ткиво во цревото. За среќа, сега славам голема победа со сите вас. Овој натпревар ќе го дочекам насмеан и со полно оптимизам и радост – рече Пеле кој во последно време имаше проблеми со бубрезите и простатата, а во 2012 година мораше да го замени колкот со вештачки.

 

Извор: Mondo

Фото: pele10.org


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1