ММС

Објавено на: 09/7/21 8:39 AM

Момче и девојка потешко повредени во центарот на Кавадарци

Во сообраќајка на мотор и велосипед синоќа во центарот на Кавадарци повредени се тројца млади.  Девојка и момче со потешки повреди, потврди за МИА Ратко Грков, дежурен лекар во кавадаречката Брза помош.

-Младите биле повредени во сообраќајка меѓу велосипед и мотор, кај Основното општинско училиште „Димката Ангелов-Габерот“. Им укажавме прва медицинска помош и поради сериозноста на повредите, една девојка и едно момче  препративме на лекување во Скопје, појасни Грков.

 

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1