ММС

Објавено на: 09/7/21 8:11 AM

Хаос низ Скопје – Блокирани улици, булевари, крстосници и сообраќајка

ЦУКС известува дека пред малку на мостот Близнак во насока на движење од к-цата на бул. Србија со бул. АСНОМ кон бул. Киро Глигоров, се случи сообраќајна незгода, па затоа Центарот апелира до сите учесници во сообраќајот да бидат внимателни и да ја прилагодат својата брзина на движење според условите на патот особено ако се движат кон овој потег.

Освен сообраќајката хаосот низ скопските сообраќајници се случува и на другите улици, булевари и крстосници. ЦУКС известува дека во овие утрински часови поголем број возила се  забележуваат  долж:

-бул. Јане Сандански кон бул. К.Ј.Питу,

-ул. Симеон Кавракиров кон Центар,

-бул. Кузман Јосифовски Питу кон Центар,

-мост Нова железничка станица во двете насоки,

-ул. Никола Карев кон к-ца со ул.Ѓуро Ѓоновиќ,

-бул. Гоце Делчев во двете насоки,

-бул. Крсте Мисирков кон мост Мајка Тереза,

-бул. 8ми Септември кон бул. Илинден,

-бул. Александар Македонски кон клучката Континентал,

-ул. 11 Октомври во двете насоки,

-бул. Србија кон к-ца со бул. АСНОМ,

-бул. Киро Глигоров во двете насоки,

-ул. Свети Кирил и Методиј кон бул. Водњанска.

Центарот известува дека автобускиот сообраќај на сите улици и булевари се одвива непречено и без застој, а велосипедските патеки се чисти и проодни.

Низ градот утрово се ставаат и знамињата, по повод одбележувањето на 30 години независност, што дополнително го закочува сообрачајот.

Фото: Орце Костов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1