ММС

Објавено на: 09/7/21 7:37 AM

Пронајден мртов Мајкл К. Вилијамс, ѕвездата на “The Wire”

Американскиот актер, најпознат по драмската серија „The Wire“ на HBO, е пронајден мртов во неговиот стан во Њујорк. Имаше 54 години.

Американските медиуми се повикуваат на извори од истражните органи, кои се сомневаат дека тој починал од предозирање со дрога. Ова не е официјално потврдено.

Вилијамс – кој беше номиниран за три награди Еми – отворено разговараше за неговата борба со дрогата низ годините.

Во „Жица“ (“The Wire”), тој го глумеше Омар Литл, хомосексуалец, разбојник по улица на нарко банди.

Портпаролот на полициската управа во Њујорк, Џон Гримпел, изјави дека полицијата отишла во станот на Вилијамс во Бруклин, откако добила итен повик вчера околу 14 часот по локално време (18 часот по Гринич). Телоото на Вилијам го нашол неговиот внук.

Колегите актери и филмаџии на Вилјамс му оддаваат почит на социјалните медиуми.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1