ММС

Објавено на: 09/6/21 7:26 PM

Починаа 32 лица од Ковид-19, најмладиот има 35 години, нови 199 случаи

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.558 тестирањe, а регистрирани се 199 нови случаи на КОВИД-19: Скопје – 157, Куманово и Кавадарци – по 6, Прилеп, Гостивар, Кичево и Дебар – по 4, Велес- 3, Битола, Штип, Струга, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Богданци – 1.
Регистрирани сe 556 оздравени пациенти од: Скопје – 164, Тетово – 115, Струмица – 50, Куманово – 40, Гостивар – 35, Штип – 26, Кавадарци – 20, Кичево – 15, Битола – 14, Велес – 11, Дебар – 10, Ресен и Пробиштип – по 9, Валандово – 8, Прилеп – 7, Кочани -6, Кратово – 5, Неготино и Радовиш – по 4, Свети Николе – 2, Виница и Богданци – по 1.
Пријавени се 32 починато лице: 13 починати лица од Скопје (80г, 76г, 75г, 72г, 72г, 69г, 69г, 64г, 61г, 57г, 55г, 45г, 35г), 6 починати лица од Тетово (81г, 78г, 77г, 69г, 62г, 53г), 3 починати лица од  Гостивар (83г, 74г,  68г), 2 починати лица од Велес (72г, 64г) и по едно починато лице од  Прилеп (80г), Кавадарци (72г), Охрид (77г), Струмица (77г), Струга (79г), Свети Николе (57г), Радовиш (49г) и Делчево (71г).
Триесет од пријавените починати лица се починати во болнички услови, двајца се починати во домашни услови.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1