ММС

Објавено на: 09/6/21 6:26 PM

„Охрид Фест“ на 10 и 11 септември – Музички спектакл за паметење со бројни македонски и балкански ѕвезди

Се е подготвено за 28-то издание на Интернационалниот музички фестивал „Охрид фест“ што ќе се случува на 10 и 11 септември, на сцената на Долни Сарај во Охрид, со фолк и интернационална вечер. Ќе слушнеме добри песни, две вечери исполнети со музика која преставуваат мост помеѓу минатото, сегашноста и иднината, а меѓу познатите изведувачи ќе видиме и многу ѕвезди од екс ју.

На првата, Фолк вечер ќе слушнеме 17 песни, уметничкиот директор е Цане Петров, традицонално, водителката е Каролина Петковска, а во ревијалниот дел ќе настапи групата „Легенде“ од Србија.

Во втората, Интернационалната вечер ќе се престават 20 изведувачи: покрај македонските интерпретатори, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји, од Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Бугарија, Албанија. Уметничкиот директор е Горан Шарац, водителката е Маријана Станојковска, а во ревијалниот дел ќе настапи Владо Калембер. На „Охрид фест“ доследно ќе се почитуваат сите мерки за заштита од пандемијата.

Учесници и песни. Фолк вечер (10 септември)

1. Методија Столески – Топли солзи избриши Муз. и Ар. Петар Кан, Текст Ангел Петиќ

2. Суада Каришиќ – Лажна надеж Муз. и Ар. Драган Грего, Текст Фотинула Паскова

3. Ибуш Ибраимовски – Сто лири Муз. и Текст Томислав Коцевски – Пепси Ар. Дејан Миленковски

4. Мирко Вретоски – Најмила моја Муз. Гоце Џуклески, Текст Милица Кузмановска, Ар. Гоце Цоцески

5. Јагода Крнетиќ Јефтиќ – Судба ли е судбино Муз. и Текст Зоран Христов, Ар. Љупчо Сколовски

6. Кирил Белистојаноски – Љубов за два животи Муз. Гоце Џуклески, Текст Милица Кузмановска, Ар. Љупчо Соколовски

7. Барбара Јаковлеска – Колнат очи две Муз. Дон Стефан, Текст Драган Матески, Ар. Цане Петров

8. Дарко Билбиловски – Како беше да си вљубен Муз. и Текст Зоран Христов, Ар. Љупчо Павловски

9. Милован Секулоски – Каде и да си Муз. и Текст Милован Секулоски, Ар. Ристо Крстевски

10. Катерина Брезева и Соната – Ода за љубовта Муз. Фотинула Пакова, Текст Надица Гошева, Ар. Цане Петров

11. Петар Нечовски – Љубов вечно да не грее Муз. и Текст Петар Нечовски, Ар. Славко Ристески

12. Нино Величковски – Уште еден живот Муз. и Ар. Дон Стефан, Текст Огнен Неделковски

13. Благоја Грујовски и Сани – Зошто толку чекаме Муз. Иво Горов, Текст Огнен Неделковски, Ар. Иле Спасов

14. Скопски Боеми – Кога љуби Стружанче Муз. Фотинула Паскова, Текст Огнен Неделковски, Ар. Цане Петров

16. Перо Христов – На капија една мајка плаче Муз и Ар. Ивица Пливелиќ, Текст Перо Христов

17. Благица Павловска – Без тебе неможам да живеам Муз. и текст Блаже Темелков, Ар. Дарко Тасев

Учесници и песни. Интернационална вечер (11 септември)

1. Наталија Данаилова – „Вреди ли” музика: Весна Малинова, текст: Весна Малинова, аранжман: Илија Ќосевски

2. Дарко Капо – „Мени треба испод неба” музика: Владо Калембер, текст: Жељко Павичиќ, аранжман: Хрвоје Грчевиќ

3. Марија Лукиќ – „Историја љубави” музика: Никола Грбиќ Грба, текст: Никола Грбиќ Грба, аранжман: Александар Кобац

4. Јована Мустур Ражнатовиќ – „Конте” музика: Славен Кнезовиќ, Текст: Момчило Зековиќ, аранжман: Сенад Дрешевиќ

5. Теди Грубица –„Не верујем да постојиш“ музика: Горан Шарац, текст: Роберт Полепиќ, аранжман: А. Валанчиќ

6.Мелани – „А ти” музика: Мелани, текст: Мелани, аранжман: Иле Спасов

7.Expose – „Не се предавам” музика: Шерион Пилидов, текст: Цветелина Маринова, Аранжман: Шерион Пилидов

8.Слободанка Танева – „Зад погледот твој” музика: Горан Шарац, текст: Огнен Неделковски, аранжман: А. Валанчиќ

9.Славен Кнезовиќ – „Море није дало” музика: Славен Кнезовиќ, текст: Момчило Зековиќ, аранжман: Сенад Драѓевиќ

10. Инес Ербус & Давид Амаро – „Кад ти дотакнем усне“ музика: Горан Шарац, текст: Роберт Полепиќ, аранжман: А. Валанчиќ

11. Александар Јосифовски – „Оди“ музика: Александар Јосифовски- Мартин Милевски, текст- Огнен Неделковски, аранжман- Александар Јосифовски

12. Кристина Бобан- „Гори све“ музика: Иво Нуиќ, текст: Кристина Бобан & Христина Вуковиќ, аранжман: Иво Нуиќ&Војан Кочеиќ

13. Интервали – „Како порано” музика: Давор Јордановски, текст: Весна Малинкова, аранжман: Горан Алиќ

14. Срѓан Марјановиќ- „Нисам ти баш све рекао“ музика: Срѓан Марјановиќ, текст: Срѓан Марјановиќ, аранжман: Душан Безуха

15. Rina Ramadani – „Nese dot vdes” музика: Кристи Паша, текст: Герси Амати, аранжман: Кристи Паша

16. Филип Јордановски – „Принцеза” музика: Владимир Дојчиновски, текст: Владимир Дојчиновски, аранжман: Владимир Дојчиновски

17. Medea –„Волшебства” музика: Хрис Марин, текст: Весна Малинова, аранжман: Владимир Дојчиновски

18. Wolf – „Maybe Someday” музика: Хрис Марин, текст: Wolf, аранжман: Владимир Дојчиновски

19. Лена – „Лажи ме” музика: Владимир Дојчиновски, текст: Владимир Дојчиновски, аранжман: Владимир Дојчиновски

20. Владо Калембер – „Љубав је тамо где си ти“ музика: Владо Калембер, текст: Жељко Павичиќ, аранжман: Хрвоје Грчевиќ

Фото: Илустрација


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1