ММС

Објавено на: 09/6/21 4:03 PM

Две момчиња киднапирале малолетничка во Скопје и ја нападнале

На 05.09.2021 приведени се двајца малолетници и со нив е извршен службен разговор затоа што со уште еден малолетник на 04.09.2021 во куќа во Шуто Оризари противправно лишиле од слобода малолетничка и физички ја нападнале, информираат од МВР.

Малолетничката е предадена на родителот, а во координација со јавен обвинител и Центарот за социјални работи се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1