ММС

Објавено на: 09/6/21 3:37 PM

Од Ковид почина 35-годишна жена од Радовиш

Од компликации од Ковид – 19 во штипската модуларна болница вчера почина 35-годишна жена од Радовиш. Починат е и 71-годишен пацинент од Делчево.

Според инфомрациите од Клиничката болница во Штип, жената е донесена во тешка состојба со многу ниска сатурација. Од болницата апелираа пациентите порано да побараат лекарска помош, бидејќи влошувањето на состојбата може да настапи за кратко време.

Во модуларната болница се лекуваат 33 пацинети со Ковид и повеќето се на кислородна поддршка, додека уште 9 со полесни симптоми се хоспитализирани на Кожното одделение.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1