ММС

Објавено на: 09/6/21 3:14 PM

Едно одделение и еден клас од штипските училишта отидоа во изолација поради случаи на Ковид

По четврточниот случај во ОУ „Ванчо Прке“ во Штип, кога цело одделение заминина во изолација, денеска од Општината Штип потврдија дека во уште неколку училишта има оделенија, кои преминаа во настава на далечина, додека учениците остануваат во изолација.

Потврден е Ковид кај наставник во ОУ „Ванчо Прке“ и кај професор во СОУ „Димитар Мирасчиев“. Цел клас од СОУ „Коле Нехтенин“, е во изолација, откако заболел ученик. Се чекаат резултати од тестирањето на ученик од СОУ „Јане Сандански“, по што ќе се знае дали класот ќе оди во изолација.

Во меѓувреме, се прават и подготовки за евентуално преминување во настава на далечина, во случај да продолжи да расте бројот на потврдени случаи.

Заега наставата се одвива според утврдените протоколи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1