ММС

Објавено на: 09/6/21 2:47 PM

Цело одделение во прилепско основно училиште е во изолација

Едно одделение со 21 ученик во прилепско основно училиште од денеска е во изолација, поради ученик во деветолетката кој бил позитивен на тестот за коронавирусот. Во изолација се и пет предметни наставници кои имале контакт со него.

Според Каролина Николоска, советник за образование во прилепската локална самоуправа одделението ќе следи онлајн настава.

–  Учениците од деветто одделение ќе следат настава онлајн, а петте предметни наставници ќе предаваат онлајн додека се во изолација. Инаку, во сите основни и средни училишта наставата се одвива без проблеми и застој, вели Николоска.

Околу 9 000 основци и средношколци посетуваат настава со физичко присуство. Само учениците, над 700, од прилепската гимназија следат настава од дома поради интензивните зафати за реконструкција на училишната зграда.

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1