ММС

Објавено на: 09/6/21 1:34 PM

„Секогаш ќе те носам во срце, мора да прифатиш дека е крај“ – Северина едвај го убедила Игор да ги потпише документите за развод

Северина и Игор Којиќ веќе не се во брак, но дури сега на виделина излегуваат шокантните детали што го одбележаа периодот на развод.
Наводно, Игор на почетокот не сакал да потпише спогодбен развод, тој дури отишол дотаму што сакал Северина да го тужи за да добие на време и се обидел да ја задржи покрај себе, но сепак, Севе била упорна во решавањето на се мирно.

– Игор се надеваше на помирување, па отпрвин малку се натегаше и одби да ги потпише документите, но Севе сепак најде начин да го смири и убеди дека е најдобро за двајцата – објаснува пријателка на Северина и додава:

– Знам дека таа му рече дека во името на големата љубов што го одбележа нивниот брак, нема потреба тие да се караат и да се развлекуваат на суд. Таа го потсети низ што поминала со бившиот и му дала до знаење дека се што поминале заедно не заслужува да биде сквернавено и со препукување. Таа го замоли да не и пречи бидејќи страдаше многу откако имаше проблеми поради старателството над синот и му објасни дека мора да прифати дека е крај, но исто така нагласи дека секогаш ќе го носи во срце како некој што го одбележа нејзиниот живот на прекрасен начин. На крајот, Игор попушти и ги потпиша документите, тој е навистина прекрасно момче и остана со неа до крај – заклучи пријателот на Северина.

Извор и фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1