ММС

Објавено на: 09/6/21 1:55 PM

Вакцинацијата е единствена можност за економско закрепнување, порача заменик-претседателот на Светската Банка, Ана Бјерде

Вакцинацијата не само што спасува животи, туку претставува и единствена можност за економско закрепнување, порача заменик-претседателот на Светска банка за Европа и Централна Азија, Ана Бјерде од првиот панел на конференцијата „Економско заздравување и раст по Ковид” што се одржува денеска и утре во Скопје.

Како што истакна Бјерде, панедмијата нема да заврши се додека сите не добијат пристап до вакцинација, вклучително и неразвиените земји. Забавувањето на вакцинацијата, ќе го забави и економското закрепнување.

-Еден од клучните предизвици за побрзо економско закрепнување е да се вакцинира што е можно поголем број од населението. Со вакцинацијата ќе се спасат животи, но тоа е и единствена можност за економско закрепнување, напомена Бјерде.

Одржливото закрепнување е неопходно, подвлече Бјерде, а пандемијата не предизвика само пречки, туку даде и можности.

-Климатските промени и социјалните нееднаквости се клучни предизвици за кои се потребни акции и политики. Фокус треба да се стави и на зелената економија. Тоа зналчи забрзување на енергетските транзиции и инвестиции за подобрување на квалитетот на животот и здравјето на луѓето. До нови работни места, раст и продуктивност може да доведат и инвестициите во образованието, рече Бјерде.

Таа потсети и на прогнозите кои годинава предвидуваат раст на глобалната економија од 5,6 проценти.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1