ММС

Објавено на: 09/6/21 10:28 AM

Филипче: Засега училиштата не се ризик во однос на здравјето на децата

Бројките што досега Министерството за здравство ги добило од Министерството за образование и наука укажуваат дека е мал бројот на заболени ученици. До крајот на минатата недела во четири скопски општини, во по две училишта од секоја од нив, по едно дете е заразено.

– Денеска дознавме дека има уште еден ученик од Велес и еден од скопска општина. Имајќи предвид дека и лани кога одеа 40% од учениците на училиште, незначителен беше бројот на заразени и доколку се почитуваат протоколите децата ќе бидат безбедни. Секојдневно ги следиме училиштата, активни се сите служби на МОН и сите ги споделуваат податоците со нас. Засега не гледаме дека училиштата се ризик во однос на здравјето на децата – изјави министерот за здравство, Венко Филипче пред вакциналниот пункт во А1 Арена Борис Трајковски.

Министерот откри дека трендовите на намалување на бројките продолжуваат и се намалува и бројот на прегледи во болниците.

– Еден од најголемите индикатори ни се прегледите на Инфективната клиника, од некаде до 120, сега се 90 прегледи. Нема притисок и во Тетовската болница со хоспитализации и овие параметри покажуваат дека ситуацијата спласнува.

 

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1