ММС

Објавено на: 09/6/21 10:12 AM

Само Фајзер препорачува трета доза без оглед со што сте вакцинирани претходно, вели Филипче

Само компанијата Фајзер засега препорачува трета бустер доза без разлика на видот на првата вакцина. Значи таа вакцина може да се користи како трета доза без разлика кои две дози ги примил пациентот, истакна министерот Венко Филипче пред пунктот во А1 Арена Борис Трајковски.

– Препораката е да поминат шест месеци од втората доза. Најнапред во тие анализи и студии е компанијата Фајзер со која имавме состанок и ни укажаа дека голема е веројатноста тие да препорачаат трета бустер доза за сите вакцинирани граѓани после шест месеци од примената ревакцина. Се уште ги очекуваме официјалните препораки. Веќе е официјално препорачана бустер дозата за оние хронично болните. Само овие податоци од Фајзер компанијата засега стручната јавност ги има на располагање – додаде тој.

О.К.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1