ММС

Објавено на: 09/6/21 9:57 AM

Се отвора пункт за вакцинација во кампусот на универзитетот „Кирил и Методиј“, апел до младите над 18 години да се вакцинираат

Анализите на Министерството за здравство покажале дека добро се одвива процесот на вакцинација и дека расте опфатот со вакцинација кај повозрасните граѓани. Процентот на вакцинирани, Над 40 години се вакцинирани  53% од вкупното население, истакна министерот Венко Филипче.

– Затоа апелираме на што поголема вакцинација и до помладите граѓани над 18 години. Тие се сега помалку заштитени. Тие се медијатори и може вирусот да го шират во своите семејства. Вакцината е безбедна и докажана и тоа е начиниот на кој можеме да се вратиме во нормален живот. Апелот е најмногу упатен до мив.

Битно е младите да се социјализираат, да ги вратат назад своите животи, знаеме колку им се промени животот во изминатиов период затоа што немаа социјални контакти. Затоа сега е ставен акцентот на промоција на повикот кон помладите да се вакцинираат – изјави Филипче.

Во четврток ќе се отвори пункт во кампусот на универзитетот „Кирил и Методиј“ каде што во универзитетската амбуланта ќе се врши вакцинација на помладите.

– Мене ми е многу мило и ние што како млади луѓе кои се усовршуваме во областа на медицината, имаме шанса да го кажеме нашиот став за ова. Ние тука во текот на целата година бевме вклучени во епидемиолошките анкети, преку волонтирање во ковид-центрите па се до процесот на масовната иминузација во кој бевме вклучени преку 120 волонтери од Медицинскиот факултет.

Сакам да ја упатам мојата порака до сите мои врсници да покажеме висок степен на свест и одговорност кога станува збор за јавното здравје, да се вакцинираме, да се заштитиме себеси и да ги заштитиме другите околу себе – истакна Ернес Никочевиќ од Медицинскиот факултет.

 

О.К.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1