ММС

Објавено на: 09/6/21 7:44 AM

Никој нема право да ги малтретира луѓето – Нема веќе музика во бавчите на кафеаните во Белград

Заменик градоначалникот на Белград, Горан Весиќ, изјави дека од утре, со одлука на Собранието на Белград, е забрането емитување музика во градините на угостителските објекти на територијата на Белград во работните денови после 22 часот и во петок и сабота после 23 часот.

Таа одлука, како што рече за ТВ Пинк, нема да важи за угостителските објекти на Скадарлија, Ада Циганлија и на бреговите на Сава и Дунав, бидејќи за нив ќе се применува новиот закон за бучава, кој е во постапка.

„Секој комунален полицаец ќе има мерач на бучава и ќе може да го затвори објектот или да нареди прекин на емитувањето, а казните ќе бидат ригорозни“, рече Весиќ.

Вчера во Белград, властите ги посетија сите угостителски објекти што емитуваа музика и ги предупредија, бидејќи, како што рече Весиќ, „никој нема право да ги малтретира обичните луѓе.

Извор и фото: kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1