ММС

Објавено на: 09/5/21 8:30 PM

Од рак почина Сара Хардинг, 39-годишната пејачка на „Грлс Алауд“

Замина мирно утрово. Сакам да ви се заблагодарам на сите на убавите зборови со поддршка изминативе години. Тоа многу и значеше на Сара и и даваше сила, напиша нејзината мајка.

Пејачката Сара Хардинг од групата „Грлс Алауд “(Girls Aloud) почина во својата 39-та година од животот, објави Би-Би-Си. Сара имаше рак на дојката, а таа вест ја подели со јавноста во август минатата година.

Скршената мајка Мари ја опиша својата ќерка како преубава и сјајна ѕвезда. Објави црно-бела фотографија од ќерка си па порача:

– Со тешко срце ви соопштувам дека денес мојата прекрасна ќерка Сара почина. Многумина од вас знаат дека се бореше со ракот и тоа до последниот ден. Отиде мирно утрово. Вашата поддршка многу и значеше на Сара и и даваше сила. И знам дека не би сакала да се памети по тоа како се бореше против оваа ужасна болест, беше сјајна ѕвезда и се надевам дека таква ќе ја паметите – напиша таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Harding (@sarahnicoleharding)

 

На почетокот на годината во мемоарите „Чујте ме“ кои беа објавени во „Тајмс“, Сара Хардинг напиша:

– Во декември докторот ми рече дека тој Божиќ веројатно ќе ми биде последен. Ќе настојувам да живеам и да уживам во секоја секунда од животот, колку и да трае тоа.

Извор: 24sata.hr/BBC

Фото: Instagram

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1