ММС

Објавено на: 09/5/21 5:45 PM

Заменик-министерот за одбрана, Башким Хасани се прости од неговиот сосед Евзал Селими кој вчера загина во сообраќајката на патот Гостивар-Кичево

Во сообраќајната несреќа која се случи вчера на патот Гостивар – Кичево во близина на Ново село, загина Евзал Селими, 30-годишен Гостиварец.

„Флака“ објави дека Селими бил млад претприемач во Гостивар, посветен на својот занает и на луѓето, соседите и семејството.

Гостиварчани го знаеле по тоа што бил еден од најголемите навивачи на Јувентус. Живеел во населбата Бањешница во Гостивар и бил сосед со првиот човек на ДУИ во градот и заменик-министер за одбрана, Башким Хасани.

Денеска на социјалните мрежи Хасани сподели емотивен статус за својот пријател и сосед со кого делеле исто маало со години.

“Бог го одреди и го направи она што сакаше. Ние се дружиме додека живееме, па ќе се сеќаваме, насмеани и полни со светлина. Нека почива во мир твојата бела душа“, пишува Хасани.

Евзал Селими исто така бил активист на ДУИ и учествувал во изборниот штаб за локалните избори. Тој живеел во своето семејство во Гостивар, додека неговите родители живеат во Австрија. Евзал зад себе остави две мали дечиња и сопруга.

Извор: Flaka

Фото: Flaka


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1