ММС

Објавено на: 09/5/21 5:15 PM

Уапсен струмичанец откако убил куче, во Никиштани одземени животни поради долг

Министерството за внатрешни работи соопшти дека синоќа во 23,45 часот од полициски службеници од СВР Струмица бил лишен од слобода Т.Г.(59) од Струмица затоа што истиот ден околу 19,55 часот тој со огнено оружје усмртил куче. По целосното расчистување и документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок.

Синоќа полицијата ги уапсила Ш.С.(38) и Б.С.(35) двајцата од с.Петровец поради постоење основи на сомнение дека истиот ден извршиле кривично дело “тешка кражба” во касарната Ќојлија. Кај нив биле пронајдени и одземени поголема количина разновиден алат и други предмети.

Во исто време, сабота 21,30 часот, Е.М.(42) од Скопје пријавила дека на подрачјето на Чаир нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се работи на расчистување на случајот.

Вчераутро Ф.И.(39) од с.Никиштани-скопско пријавил истиот ден дека околу 08,00 часот во с.Никиштани, во близина на пругата од страна на Р.О. и уште две лица му биле одземени домашни животни, а во врска со долг кој го имал неговиот брат. По преземени мерки, поголем дел од животните биле пронајдени во с.Трубарево кај Р.О.(41) и вратени на сопственикот. По целосното расчистување ќе следи соодветен поднесок.

Рано изутринава, пак, МВР соопшти дека во Куманово на ул.„Октомвриска револуција”, било опожарено возило „шкода фабија” сопственост на Н.Т.(42) од Куманово, а било зафатено и возило „опел корса”. Извршен е увид и се работи на расчистување на случајот.

Извор: МВР


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1