ММС

Објавено на: 09/5/21 2:13 PM

Турција пресилна за македонските одбојкари, прва победа ќе бркаме против Шпанија

Македонската одбојкарска репрезентација ја продолжи серијата порази на Европското првенство, откако попладнево загуби од фаворитот Турција со максимални 3-0 во сетови.

Македонските одбојкари пружија силен отпор само во првиот сет, кој Турција во неизвесна завршница го реши во своја корист со 25-22.

Преостанатите два сета донесоа очајна игра на македонските одбојкари и целосна доминација на турскиот состав, препуштајќи им на „црвено – жолтите” вкупно само 37 поени, 12 во вториот и 15 во третиот сет.

Својата следна шанса за прв триумф на континенталниот собир Македонците ќе ја имаат утре против Шпанија со почеток од 16 часот.

МИА


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1