ММС

Објавено на: 09/5/21 1:13 PM

Османи ќе испитува дали има закана за МНР по приведувањето на македонскиот дипломат во Србија на барање на Ерменија

Министерот за надворешни работи Бујар Османи иницирал итна процедура за формирање работна група која треба да изврши првична итна ревизија на состојбите со сертификатите и документацијата со цел да се утврди дали постои одредена иманентна закана за сигурноста и доверливоста на куќата, особено закана која е поврзана со предметниот случај, со приведениот македонски дипломат. Преку статус на Фејсбук тој информираше за мерките што во последните 24 часа ги преземало МНР во врска со дипломатот Миле Миленковски на кому работниот однос му е ставен во мирување и е повлечен од неговите задолженија во мисијата на ОБСЕ.

Османи планира да направи вонреден ветинг на дипломатијата преку дополнителна безбедносна проверка и преку системот на НАТО сертификати. Очекува тој процес да стане задолжителен и во системот на пополнување амбасадорски места.

-Сакам да изразам крајна загриженост и вознемиреност поради последниот случај со приведувањето во друга земја на еден вработен во Министерството за надворешни работи, поради потерница која ја побарала трета земја. Тоа не само што предизвикува непредвидливост во работата на дипломатијата, туку ја разнишува довербата и авторитетот на куќата, напиша Османи на Фејсбук.

Напоменува дека како земја -ченка на НАТО и како идни претседавачи со ОБСЕ во 2023 година, имаме обврска да воспоставиме непропустлив систем на сертификација и проверка на дипломатскиот кадар со цел да се врати довербата и во институцијата и во државата – објави Бујар Османи.

Македонскиот дипломат Миле Миленкоски, заменик-шеф на нашата мисија во ОБСЕ, беше приведен на 27 август на српската граница пи обид да ја премине границата во Прешево за да влезе во Северна Македонија, поради распишана меѓународна потерница од страна на Ерменија.

– Македонскиот дипломат помогнал во бегството на ерменски државјанин, кој добил македонски пасош и кој е поврзан со криминалните активности со коридорот Север-Јур, истакна советникот на ерменскиот јавен обвинител, Гор Абрахамјан.

Според ерменските безбедносни сили, како што јавуваат ерменските медиуми, во 2018 година тројца дипломати од Северна Македонија, предводени од Миленкоски, му помогнале на поранешниот ерменски функционер да избега од земјата со приватен лет.

Ерменските медиуми јавуваат дека ерменскиот државјанин е брат на поранешниот ерменски претседател, Серж Саркисјан и оти тој добил македонски пасош, при што ова го поврзуваат со аферата со 215-те пасоши извадени на странци под лажен идентитет, за која сега се води судски процес во земјава.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1