ММС

Објавено на: 09/5/21 11:35 AM

Попишувачите без легитимации се провокатори, не пуштајте секого дома, порача Симовски

Нашите попишувачи ќе бидат брендирани, секој попишувач ќе носи маичка со натпис и легитимација на која го пишува неговото име и презиме и кои домаќинството ќе може да ги провери со неговата лична карта, истакна директорот на ДЗС, Апостол Симовски на првиот ден од Пописот.

– Граѓаните да не пуштаат човек кој ја нема оваа легитимација затоа што тоа може да биде провокатор кој треба да направи нешто поинаку. Ова го правиме намерно затоа што свесни сме каква антикампања имаме и може овој процес да се злоупотреби. Не сакаме да помислиме дека Пописот ќе пропадне. Било кој што се обидува на било кој начин да овој процес пропадне не им мисли на своите граѓани на својата држава. Внимаваме на сите протоколи поврзани со ковид-19 и бараме од сите да бидат одговорни. Најголемиот дел од попишувачите се вакцинирани и немаме никакво законско право да ги условуваме другите попишувачи. Ако некој граѓанин инсистира, ќе му обезбедиме вакциниран попишувач, но ако сите ги почитуваме мерките, нема шанси да влијаеме врз ширењето на пандемијата – рече Симовски.

Оние граѓани што нема да сакаат да даваат податоци ќе добијат прекршочна пријава, но откако ќе се исцрпат сите можности за убедување тие да се попишат.

– Да ве исправам нема кривична пријава за тие што не сакаат да даваат податоци, туку е прекршочна. Нашата намера е да нема вакви случаи. Ние ќе се обидеме на сите можни начини да ги убедиме граѓани да учествуваат и да не одбиваат. Ако мора, таа постапка ќе ја покренеме и пријавата се однесува на сите членови на семејството што одбиваат. Ако некој не ја отвори вратата, ќе му дојдеме по 1.000 пати на вратата – порача првиот човек на Државниот завод за статистика.

 

О.К.

 

Фото: Вангел Тануровски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1