ММС

Објавено на: 09/5/21 11:29 AM

Зелената агенда е Нула агенда – Али Aхмети ги обврза кандидатите на ДУИ на пет завети

Претседателот на Демократската Унија за Интеграција, Али Ахмети, ја претстави новата платформа и петте клучни програмски завети до кои кандидатите за градоначалници ќе треба се придржуваат.

“Вас, денес ви велам: да го оствариме заеднички зелениот сон. Изборната кампања треба да покаже како кандидатите ќе ја развијат уште повеќе нивната општина, но и повеќе од тоа, како ќе ги вклучат граѓаните повеќе и како

ќе го слушат секојдневно нивниот глас. Ние во ДУИ сме се потрудиле да останеме доследна партија на даден збор и на остварено дело. Затоа, се договоривме сите кандидати да се придржуваме на зелената агенда за да го подобриме квалитетот на живеењето. Зеленото подразбира чисти општини, без отпадоци по улиците и населбите. Зеленото значи чиста вода за пиење во сите општини. Зеленото значи чист воздух  за нас и за нашите деца. Зеленото, драги пријатели, е живот“, истакна Ахмети во својот говор.

Како резултат на нашата нова агенда, тој и ДУИ ги задолжиле кандидатите за градоначалници да ги почитуваат петте програмски завети: зелената агенда која подразбира ефективно менаџирање со отпадот, заокружување на канализационата мрежа и чиста вода за пиење, гасификација, велосипедски и пешачки патеки, паркинзи, непречен собраќај, повеќе зеленило, повеќе паркови; дигитална агенда (е-општина); агенда на отворена врата преку која градоначалниците треба да бидат достапни за сите; Агенда на вклучување на граѓаните во одлуките и агенда нула (нула толеранција за корупција, нула отпад, нула градби без дозволи…).

О.К.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1