ММС

Објавено на: 09/5/21 10:32 AM

Стартуваше пописот кој го чекавме 20 години, рече Симовски на првиот ден од големата статистичка операција

Го дочекавме денот после 20 години да почнеме со најважната статистичка операција, Пописот на населението, домаќинствата и становите во Македонија, рече директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски кој утринава беше на терен во скопската општина Ѓорче Петров.

– Посакувам да ја завршиме оваа операција успешно, да дојдеме до сите податоци кои се битни за домаќинствата. Пописот не им служи на партиите или на поединците туку на оние кои треба да го планираат и да го градат развојот на државата. Ве повикувам сите да се вклучите во оваа операција бидејќи податоците се заради вас и поради вас. Не собираме податои за да ги чуваме во архивите, туку да бидат употребени. Не подлегнувајте на притисоци, иницијативи, да не се отвора врата и да се бојкотира пописот бидејќи им правите штета на себеси и вашите деца – истакна Симовски.

Процесот стартуваше успешно и сите попишувачи тргнаа сабајлево и пописот се одвива без проблеми. Симовски се надева набрзо по пописот ДЗС ќе излезе со податоци кои ќе се користат сега, а не после две години како што беше случај на претходните пописи.

 

О.К.

Фото: Вангел Тануровски

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1