ММС

Објавено на: 09/5/21 9:08 AM

(Видео) Устоличен митрополитот Јоаникиј во Цетиње: Полицијата со солзавец ги растера демонстрантите

Патријархот на Српската православна црква Порфирије објави на Инстаграм снимка од доаѓањето на хеликоптерот со кој тој и митрополитот Јоаникиј стигнаа во Цетиње утрово и ги избегнаа учесниците во протестите кои се противат на устоличувањето на српскиот митрополит во историската црногорска верска престолнина.

Полицијата потврди дека на Цетиње има повеќе повредени полицајци и демонстранти, а црногорските власти почнаа рано изутрина акција на разбивање на демонстрациите користејќи солзавец.

„Во славата на живиот бог стигнавме на Цетиње да извршиме устоличување на новиот митрополит црногорско-приморски господин Јоаникиј. Сите ги повикуваме на мир и молитва кон Господа христа“, напиша патријархот на Инстаграм.

Спорното устоличување на митрополитот на СПЦ  заврши, а црногорскиот премиер Здравко Кривокапиќ рече дека нападот на полицијата бил напад на државата.

„ Се што се случуваше вчера и денес на Цетиње е обид за терористички акции. Јасно е дека налогодавач и организатор е раководството на Демократската партија на социјалистите во соработка со криминални групи на кои државата ќе им застане на патот“, напиша Кривокапиќ на Твитер.

Советникот на претседателот на Црна Гора и бивш директор на Управата на полицијата, Веселин Вујовиќ бил приведен во полициско возило на Цетиње, јавија тамошните медиуми.

Третина од 620.000 жители а Црна Гора се изјаснуваат како Срби, а некои националисти дури го негираат црногорскиот идентитет.

Јоаникиј оцени дека чинот се политизирал, а Црногорците го сметаат за навреда и провокација затоа што се одржа во манастирот каде што почиваат моштите на Петар Цетињски, црногорскиот светец од династијата Петровиќ-Његош.

Извор: 24sata.hr

Фото: Twitter, Kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1