ММС

Објавено на: 09/4/21 9:30 PM

(Видео) Радост за жените – Мал трик и алиштата бели како снег

Австралискa блогерка откри нов метод за перење бели алишта и ги импресионираше домакинките.
Каролин Меколи редовно има објави на Инстаграм во кои открива корисни трикови за чистење. Во едно од нејзините најнови видеа, таа споделува рецепт за специјална коцка за избелување што се додава на бечите алишта за време на перењето.
Магичниот додаток се подготвува дома. За да го добиете, треба да измешате во соодветен сад чаша сода бикарбона, чаша натриум тетраборат во прав, половина чаша белило и мала количина вода.
Сите состојки се мешаат додека не се добие “песочна” конзистентност. Добиената мешавина потоа се става во голема калап за мраз. Кога коцките ќе се исушат, тие се подготвени за употреба и може да се користат за време на перењето.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1