ММС

Објавено на: 09/4/21 7:30 PM

(Видео) Фолк журка во Битола

Во Битола се одржа фолк спектакл, каде учество земаа познати музички ѕвезди. Многубројната публика беше доказ дека и тоа како се има желба и интерес да се слуша македонската песна. На големата бина настапија едни од најистакнатите имиња на домашната фолк сцена. Зуица Лазова, Дамјан Стојаноски, Сузана Гавазова, Марјан Коцев, Каан Мазхар, Стојне Николова, Благоја Грујовски, Ален Хасановиќ, Рамко Беслими, Анета Мицевска и се разбира, групата “Молика”, која беше задолжена за музичкиот дел.

Концертот беше и со мултиетнички карактер, па покрај нашите познати имиња, настапија и изведувачи од ромската, турската и бошначката националност.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1