ММС

Објавено на: 09/4/21 5:55 PM

(Видео) Тоа што се договараме во соблекувална да го изнесеме на терен- Македонските репрезентативци подготвени за мечот против Исланд

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација, Благоја Милевски, најави пожртвувана игра на утрешниот дуел со Исланд и остварување позитивен резултат.

– Се надевам дека со Исланд ќе имаме подобра реализација и завршно додавање во споредба со мечот со Ерменија. Противникот е силен и квалитетен. Не очекува сериозен противник и ќе мора да бидеме на нашето ниво за да дојдеме до позитивен резултат. Ќе дадеме сè што знаеме и умееме за да ја оствариме целта. Ние се наоѓаме во една фаза на трансформација на тимот, едно освежување со помлади играчи кои заслужија да се најдат во сениорската репрезентација. Ниту јас, ниту играчите не чувствуваме некој посебен притисок. На секој натпревар одиме на победа, но некогаш се прашува и противникот. Важно ни е да постигнеме добар резултат и со тоа да останеме конкурентни за едно од првите две места, изјави Милевски.

Слично размислува и фудбалерот од средниот ред, Енис Барди.

– Треба да си ја играме нашата игра. Да го изнесеме на терен тоа што се договараме во соблекувалната. Мора да бидеме 100 отсто концентрирани. Да бидеме свои, заедно, и да одиме на победа. Од репрезентацијата се очекуваат резултати и добри игри. Ние сме гладни за успеси. Можеме да направиме уште многу, истакна Барди.

Средбата е од 5. коло во квалификациите за Светското првенство 2022.

МИА

Фото: ФФМ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1