ММС

Објавено на: 09/4/21 2:55 PM

Утре затворен центарот на Скопје – Проверете низ кои улици и булевари нема да се вози

По повод денот на независноста во централното градско подрачје во Скопје на 08.09.2021 (среда) ќе се одржи централна прослава “30 години независност”. Поради генерална проба за настанот, на 05.09.2021 (недела), од 07,30 до 12,30 и од 15,30 до 20,00 часот затворени за сообраќај ќе бидат повеќе улици и булевари, информираат од МВР.

Според МВР  утре во тој период забрана за движење ќе има на булеварот “Кочо Рацин” на потег од крстосницата со булеварот “Кузман Јосифовски Питу” до улицата”Кирил и Методиј”.  Потоа  улицата “11 Октомври ” на потег од улицата “Крушевска Република” до улицата “Димитрие Чуповски”. Ќе биде затворена и улицата “Филип Втори” на потег од булеварот “Гоце Делчев” до улицата “11 –ти Октомври”. Затворен ќе биде и Кеј “13–ти Ноември” на потег од улица “Филип Втори ” до булеварот “Кочо Рацин”. Потоа улицата “Мирче Ацев” на потег од улицата “Филип Втори ” до булеварот “Кочо Рацин”.

Во овој период од денот затворена ќе биде улицата “Димитрија Чуповски” на потег од порта Македонија до булеварот “Климент Охридски” и  улицата “Даме Груев” од крстосница со улица “Македонија” до улицата “11-ти Октомври”.

Одделението за безбедност на патниот сообраќај при Секторот за внатрешни работи Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по овие улици, при што сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници. Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1