ММС

Објавено на: 09/4/21 1:11 PM

Женска изборна трка во Тетово – Вјолца Бериша конкурентот на Теута Арифи за градоначалник

Порталот на албански јазик фол.мк од сигурни извори на Алијанса за Албанците  дознава дека Вјолца Бериша дефинитивно ќе биде кандидатот на партијата на Зијадин Села во изборната трка за градоначалник на Тетово на изборите на 17 октомври.

Иако вчера медиумите блиски до ДУИ открија име на успешен бизнисмен од Тетово кој раководи со тест лабораторијата за Ковид-19″, тој според извори на порталот  нема да биде кандидат

Се очекува Вулнет Мурсели да се повлече од внатрепартиската изборна трка во текот на денот, а со тоа Вјолца Бериша ќе биде единствениот кандидат на Собранието на тетовскиот огранок на Алијансата за Алабанците што ќе се одржи утре

Порталот нагласува дека кандидатурата на Вулнет Мурсели е непожелна за структурите во Тетово, поради нејзината близина со одредени и сомнителни структури на ДУИ

Од Алијансата за Албанците истакнуваат дека во никој случај нема да дозволат наметнување однадвор, и дека волјата на членовите на Огранокот на Тетово за нив ќе биде легитимна.

 

(З.Д.)


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1