ММС

Објавено на: 09/4/21 12:09 PM

Филипче:Никогаш не сме кажале дека вакцината целосно штити – тоа е единствениот одговор на вирусот

Секаде во регионот болниците се оптоварени со невакцинирани пацинети. Не може да предвидиме како ќе се движи пандемијата, ќе има нови и нови соеви, но одговорот е во вакцинирањето. Ова денеска на прес конференција го кажа министерот за здравство Венко Филишче, кој најави дека многу веројатно е дека ќе треба и трета доза вакцина.

-Никогаш, ниту јас ниту бил кој здравствен работник во светот не сме кажале дека вакцината целосно штити од вирусот. Штити од тешка форма на болеста и од смртност. Огромен процент на новодијагностицирани пациенти се невакцинирани. Разговараме со колегите од другите земји, и секаде болниците се оптоварени со невакцинирани. И од тука не можеме да предвидиме со ситуацијата во пандемијата, веројатно ќе има нови соеви, но вакцината е таа што штити од смртен исход или тешка форма на болеста“, одговори Филипче.

Тој рече дека има сосема доволно вакцини. Во моментот има 300.000 дози, од кои 115.000 од  АстраЗенека, 110.000 Фајзер и околу 100.000 дози од Синовак. Освен тоа, секој понеделник стигнуваат по 30.000 до 40.000 дози од Фајзер секој понеделник од преку Ковакс системот.

Филипче кажа дека деновиве имал состанок со претставници на Фајзер за плановите за трета доза.

-Најверојатно ќе треба трета доза, но, оставаме тие наоди да ги официјализираат, рече Филипче.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1