ММС

Објавено на: 09/4/21 11:45 AM

Уапсениот македонски дипломат имал неколку скандали зад себе, вклучувајќи и финансиска проневера, а сепак бил унапреден во службата

Македонското Министерството за надворешни работи за весникот Коха потврдило дека дипломатот, заменик -шеф на македонската мисија во ОБСЕ, Виена, е уапсен во Србија по барање на австриската полиција. Станува збор за дипломатот Миле Миленковски, кој заедно со пензионираниот дипломат С.С., моментално се во екстрадициски притвор, откако беа сопрени од полицијата во Врање.
„Министерството за надворешни работи на Република Србија официјално ја извести Амбасадата на Северна Македонија во Белград. Според соопштението, надлежниот суд во Србија издаде екстрадиционо апсење врз основа на меѓународна потерница за кривично дело за кое е обвинет дека го сторил при приватно патување во странство“, се вели во одговорот на Министерството за надворешни работи, додавајќи дека во согласност со своите законски надлежности, МНР го замрзна работниот однос со уапсениот вработен, се’ додека не се разреши случајот.
Весникот КОХА пишува дека причините за апсењето не се наведени. Меѓутоакако што објавува медиумот, ова е меѓународна потерница издадена од австриската полиција, за стар прекршок што датира од 2018 година, а кој по секоја веројатност вклучува високи безбедносни структури на Македонија.
Миле Миленковски е осомничен дека организирал патување во Ереван, Ерменија, пред три години, заедно со уште двајца македонски дипломати (нивниот идентитет познат во редакцијата), за евакуација на висока личност од Ерменија,  осомничен дека за злоупотреба во неговата земја. Мотивите на оваа акција не се познати, но сомнежите се дека е направена со знаење на високите безбедносни структури во Македонија. Тоа е затоа што уапсениот Миле Миленкоски, заедно со уште двајца дипломати (СС) и (В.С.), за оваа спасувачка мисија на контроверзниот Ерменец, позајмиле приватен авион со кој патувале за Ерменија. Претходно, како покритие тие во забрзана постапка регистрирале невладино здружение за лица со посебни потреби, за учество на конференција на оваа тема.
Коха објавува дека Миле Миленкоски е познат и по други скандали. Тој бил осомничен дека бил вмешан во финансиска измама во македонскиот конзулат во Детроит, од каде потоа бил префрлен во Чикаго. Таму, тој физички се судира со генералниот конзул, а потоа е испратен во Вашингтон. Подоцна, по серијата расправии и инциденти, Миле Миленкоски се врати во Скопје на барање на поранешниот амбасадор во Вашингтон, Зоран Јолевски. Во 2017 година, тој се приклучи на Македонската мисија во Виена во ОБСЕ, како тогашен заменик -амбасадор, Кире Илиовски, со кого се трврди, дека имал и физички конфликт. Скандалот со Ерменија се случи за време на неговата мисија во Виена.

И покрај сите овие инциденти, пред неколку месеци, Миле Миленкоски беше реизбран на конкурсот на МНР за заменик – началник на кабинетот на Македонија во ОБСЕ во Виена. Покрај тоа, неговото назначување овојпат се вели дека било направено без одобрение од раководителот на Дирекцијата за правни и конзуларни услуги при МНР. Тоа е затоа што Миленкоски се смета за „силен“ бидејќи ужива политичка поддршка и највисоките безбедносни структури во земјата, пишува Коха.

 

Коха


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1