ММС

Објавено на: 09/4/21 10:44 AM

Земјоделци, пожарникари, лекари, полицајци… Како ќе се слави 30 години независност на Македонија

Централната прослава за 30 годишнината од независноста на Македонија ќ се случува пред Собрание, а ќе стартува во 17.35 часот со „Симфонија за филхармонија“, дело на композиторот Живоин Глишиќ, информираат од Влада. Годинава поради 30 години  подготовките се поинакви, а ќе се запазат и протоколите за заштита од ковид.

-Ке има дефиле на ансамбли и културно уметнички друштва, на дефилето ќе се појават рудари, земјоделци, волонтери на Црвен Крст, здравствени работници, полиција, пожарникари, спортисти, дефилето ќе биде шарено и генерациски и по професии, кои нешто значат за државата. Официјалниот дел ќе почне во 18.30 со обраќање на претседателот на државата, владата и собранието, а потоа по 20.30 часот ќе стартува музичкиот дел, информираат од Влада.

Поради актуелната состојба посетителите ќе бида во  ограничен број, заграден и секој седнат на столче со 1.5 растојани, секако со вакцинален сетификат или доказ за прележаност на вирусот.

-Ќе има еден дел од публиката кој ќе биде со покани и дел кој ќе биде отворен за граѓани. Граѓаните исто така требада се регистрираат преку е систем, како кога се пречекуваше папата за да се запазат протоколите. Во делот за граѓаните ќе има простор за најмногу 1000 луѓе, како што налагаат мерките. Останатите кои ќе немаат можност да ја следат прославата на лице место, ќе може да ја гледаат во живо на Македонската телевизија. Почнувајќи од утре ќе има нов сообраќаен режим, но дополнително ќе се каже како ќе возат автобусите на ЈСП, рекоа од Влада, но не кажаа кој ќе учествува во музичкиот дел.

-Нема да има ѕвезда од странство, но учесниците нема сега да ги соопштиме, ќе бидат изненадување, информираат од Влада.

Фото: faktor.mk


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1