ММС

Објавено на: 09/4/21 9:37 AM

Двајца штипјани починаа од Ковид во изминатото деноноќие

Од Клиничката болница во Штип соопштија дека починаа двајца штипјани на возраст од 58 и 67 години. Уште еден пацинет од Виница на возраст од 47 години почина како последица на Ковид. 

Најголемиот број на пацинети хоспитализирани во модуларната болница се со тешка клиничка слика и иимаат потреба од кислородна поддршка. Во моментов таму се лекуваат 35 пацинети, од кои само четри немаат потреба од кислород. Зголемени се и амбулантните прегледи и само во изминатите 24 часа медицинска помош побарале 72 пациенти.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1