ММС

Објавено на: 09/4/21 8:52 AM

Во само неколку минути пополнети термините за во Германската амбасада

Македонските државјани ја блокираа интернет страната на Германската амбасада во само неколку минути откако беа пуштени термините за закажување интервју за германска виза. Дури 50.000 влезови на страната имало за кратко време. Многу разочарани граѓани реагираа под објавата на амбасадорката Анке Холштајн. Едни даваат сугестии за подобрување на системот на закажување, но повеќето се лути и незадоволни реакции, кои со месеци чекаат на објавување на интервјуата за виза. Ова е единствениот начин да се влезе во Германската амбасада со барање за виза, преку аплицирање преку интернет страната.

Амбасадорката Холштајн објаснува дека и покрај огромниот интерес, само 4750 македонски граѓани годишно можат да добијат виза за работа во Германија.

-Сојузната влада овозможи за државјани од Северна Македонија (како и од Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Црна Гора и Србија) привилегиран пристап кон германскиот пазар на труд. Ова и понатаму се однесува на секој тип на работа – независно од признатата квалификација. Согласно германската законска регулатива, во целиот регион на Западен Балкан смее да се доделат 25.000 визи годишно, од нив Северна Македонија добива годишна квота од 4.750 визи. Гледано според бројот на жители, на граѓаните од Северна Македонија, исто така поради Вашиот голем интерес, им стои јасно надпропорционален удел на располагање.

Но, бидејќи истовремено интересот за оваа програма е огромен (нашата објава од понеделникот само за неколку часа имаше над 50.000 прегледи), се разбира дека знаеме дека само еден дел од заинтересираните може да добие прилика. Сегашниот систем на доделување на термини, кој впрочем се користи во сите 6 земји од регионот, треба да и овозможи на Амбасадата, ограничената понуда на термини за поднесување на барања по можност да ја реализира широко распространето.

Затоа Ве молам за Вашето разбирање и Ви ветувам истовремено, дека постојано работиме на подобрување на доделувањето на термините, за истото да биде потранспарентно за Вас, напиша Холштајн.

Агенциите, кои посредуваат за вработување во Германија, исто така со месеци беа во исчекување на термините за виза. Многу од нивните активности беа во застој поради тоа. Дел од агенциите соопштуваат дека голема е побарувачката, но, ограничувањата доаѓаат од строгиот систем за аплицирање од Сојузната влада.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1