ММС

Објавено на: 09/4/21 8:22 AM

По безбедносни протоколи утре почнува Пописот, за тие што ќе одбијат ќе им се обезбедат вакцинирани попишувачи

Протоколот што е подготвен за спроведување на Попис во време на пандемија со Ковид-19 е многу строг и прецизен, вели Апостол Симовски, директор на Заводот за статистика. Според Симовски, попишувачите се запознаени со Протоколот, веќе им се распределени заштитени маски КН95 и средства за дезинфекција и точно знаат како треба да се однесуваат и што треба да направат при влегување во едно домаќинство. А тоа е:

– Правилно да ја носат маската, да побараат од домаќинот, доколку не носи маска, да стави маска, да ги дезинфицираат рацете пред да влезат во домот како и лаптопот со кој ќе го вршат попишувањето и доколку попишувањето се врши во затворен простор, да замолат да се отворат прозорците и распоредот на седење да биде со задолжителна дистанца од најмалку 2 метра.

– Секаде каде што дозволуваат условите се препорачува попишувањето да се спроведува на отворен простор.

Министерот за правда, Бојан Маричиќ претходно изиајви дека доколку граѓаните одбијат да ги попишуваат невакцинирани попишувачи, ќе бидат обезбедрни вакцинирани, додавајќи дека сепак повеќето попишувачи се имунизирани. Според него, не било прифатливо како услов да се воведе вакцинацијата кај попишувачите, бидејќи по должност тоа никому не е наметнато, па дури ниту на здравствените работници.

Собраните податоци од Пописот што почнува утре и ќе се одвива до 30 септември, ќе бидат објавени до крајот на годинава, најдоцна во јануари 2022.

Симовси во интервју за МИА вели дека ќе добиеме точна бројка колку не’ има во државата и каде сме точно распоредени, ќе се добие прецизна слика за половата, старосната, образовната, економската структура на населението, бројот на објекти и слика на условите за живеење на населението.

За прв пат се применува комбиниран модел на попишување, со можност дијаспората да се потпише електронски. Од март кога беше отворена пописната апликација, а се’ досега се самопопишаа приближно 191 000 македонски државјани во странство.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1