ММС

Објавено на: 09/3/21 10:21 PM

Не се жалам, Бог ми даде тоа што сакав – Синот на Цеца стана земјоделец

Покрај боксот, Вељко Ражнатовиќ започна да се занимава и со земјоделство во Тител, родното место на неговата сопруга Богдана.

Вељко и Богдана започнаа живот во Тител кога го добија синот Жељко, а тој сега открива дека таму води мирен и семеен живот.

– Јас сум земјоделец. Господ ми даде се што сакав и би било апсурдно сега да се жалам на мојот начин на живот, кој е семеен, спортски, кој не отстапува од таа норма. Сите знаеме која е границата и како треба да живее спортист. Се придржувам до тоа, војнички како што велат – рекол Вељко.

Тој, исто така, се осврнал на својата спортска кариера.

– Многу ми значи што најблиските луѓе се со мене. Се уште ни приближно не сум постигнал, дури кон крајот на годината ќе ги видиме моите граници.

На прашањето дали е вистина дека на неговата мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ и е забрането да доаѓа на неговите натпревари, бидејќи се плашеше да го гледа својот син во ринг, Ражнатовиќ одговорил:

– Не е точно дека и забранив на Цеца да доаѓа на натпреварите.

Извор/Фото: Курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1