ММС

Објавено на: 09/3/21 8:54 PM

Се плашев за животот на своите деца додека бев во брак со Бред – Анџелина ја шокираше јавноста

Во интервју за британски „Гардијан“, холивудската актерка Анџелина Џоли откри дека во еден момент од животот со поранешниот сопруг Бред Пит, се плашела за животот на своите деца.

Како што изјави, нејзиното искуство со Пит ја натерало да размислува повеќе за правата на децата.

На прашањето дали се плаши за безбедноста на нејзините наследници за време на бракот со актерот, Џоли изјави дека е, односно дека била загрижена за безбедноста на „целото семејство“.

За потсетување, актерката веќе некое време се бори на суд за старателство над децата со нејзиниот поранешен сопруг, кого го обвини за „вербално и физичко малтретирање“.

Извор: Објектив.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1