ММС

Објавено на: 09/3/21 7:43 PM

Починаа 26 лица, наjмладиот има 23 години, нови 722 случаи со Ковид-19

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 5.865 тестирањe, а регистрирани се 722 нови случаи со Ковид-19: Скопје – 302,Тетово – 51, Куманово – 46, Струмица – 42,Гостивар – 39, Охрид – 24, Велес ,Кичево и Штип – по 21, Кавадарци – 19, Битола ,Свети Николе и Струга – по 18, Прилеп – 16, Кочани – 13, Дебар – 7, Делчево и Радовиш – по 6, Гевгелија , Крива Паланка и Неготино – по 4, Берово, Македонска Каменица ,Пробиштип и Ресен – по 3, Богданци,Валандово и Виница – по 2, Демир Хисар,Дојран, Кратово и Македонски Брод – по 1.

Починати се 26 лица од кои шест од Скопје (77г,63г,58г,57г,52г,47г,), пет од Тетово (74г,73г,68г,67г и 62г), по тројца од Гостивар (82г,55г и 52г) и Куманово (84г,71г и 65г), по двајца од Кичево (78г и 68г) и Струга (76г и 45г) и по едно починато лице од Крива Паланка (23г), Струмица (73г), Штип (67г), Охрид (84г) и Прилеп (83г).

Од пријавените лица 20 се починати во болнички услови, а шест од пријавените лица се починати во домашни услови.

Регистрирани сe 574 оздравени пациенти од: Скопје – 169, Тетово – 105, Гостивар – 87, Струмица – 36, Куманово – 35, Кичево – 27, Кавадарци – 14, Битола и Кочани – по 13, Штип – 11, Прилеп,Велес и Радовиш – по 10, Свети Николе – 8, Гевгелија – 4, Крива Паланка и Виница – по 3, Неготино, Ресен, Пробиштип ,Македонски Брод и Македонска Каменица – по 2, Охрид, Делчево ,Крушево,Демир Хисар,Демир Капија и Кратово – по 1.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1