ММС

Објавено на: 09/3/21 12:00 PM

ИАБ Македонија започна истражување на пазарот за дигитално огласување

Здружението за интерактивно огласување ИАБ Македонија, од денес започнува со спроведување на анкета/истражување за големината на пазарот за дигитално огласување во Македонија.

Анкетата/истражувањето ги опфаќа сите веб портали и маркетинг агенции со цел да се добијат прецизни податоци за распределбата на буџетите за дигитално огласување.

Се замолуваат сите заинтересирани за учество во ова истражување да се обратат во ИАБ Македoнија на е-поштата: info@iab.mk или пак, да пополнат еден од двата прашалници, во зависност од дејноста:

  1. Доколку ста маркетинг или дигитална Агенција кликнете овде
  2. Доколку сте веб портал кликнете на овој линк

Согласно извештајот на ИАБ Европа за состојбата на европскиот пазар за дигитално огласување Пазарот за дигитално огласување бележи годишен раст од 6,3 проценти во 2020 година.

Иако најголемиот број на дејности се соочуваат со пад на учинокот како последица од пандемијата, дигиталното огласување го доживува својот пик.

Според извештајот на водечката асоцијација за дигитално огласување во Европа (IAB Europe), дигиталното огласување, во опфатените земји со истражувањето, во 2020 покажува раст од 6,3 проценти при тоа достигнувајќи пазарна вредност од 63 билиони евра. Повеќе за истражувањето и репортот на ИАБ Европа на следниот линк: https://www.iab.mk/era-na-digitalno-oglasuvane-so-rast-od-6-3-vo-2020/ 

ИАБ Македонија започна истражување на пазарот за дигитално огласување


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1