ММС

Објавено на: 09/3/21 11:12 AM

Ниту еден од 14 ученици позитивни на ковид не се заразил во училиште, откри Царовска

Ниту еден ученик не се заразил во училиште и нема интерна трансмисија, изјави министерката за образование и наука Мила Царовска по посетата на Основното училиште „Ацо Шопов” во Радишани, општина Бутел.

– За јавноста е битно да знае дека во изминатиот ден имавме 14 позитивни случаи. Тоа е само 0,01 процент од вкупниот број ученици. Кои училишта, кои деца или кои наставници, знаат надлежните служби. Покажување со прст на ученик или школо, нема да донесе добро никому. Во моментов, со физичко присуство, настава посетуваат над 233.000 ученици во државата. Посакувам тој процент на заразени да остане во периодот кој следи, истакна Царовска.

Министерката посочи дека главната цел за нејзината посета на училиште „Ацо Шопов” и била за да види како се спроведува новата наставна програма за учениците од прво до четврто одделение.

– Главната цел беше дискусија со наставниците и учениците од прво и четврто одделение дали оди добро имплементацијата на новите наставни програми, како оди употребата на дигиталните учебници и дигиталните табли. Морам да кажам дека имаше задоволство и кај наставниците, а уште повеќе кај учениците. Во сите училници, учебниците беа поставени на дигиталните табли, изјави Царовска.

 

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1