ММС

Објавено на: 09/3/21 10:52 AM

И за Романија станавме земја од “црвената ковид листа“

Романиja ja ажурираше „црвена листа” на земји или области со висок епидемиолошки ризик од ковид-19 и таа стапува во сила на 5 септември, соопшти романската агенција Агерпрес.

Романскиот национален центар за надзор и контрола на заразни болести (ЦНСУ) на црвената листа ја вклучи и Северна Македонија, според највисоката кумулативна стапка на инциденција на „Ковид-19″.

Покрај Северна Македонија, на „црвената листа” се и Србија, Црна Гора, како и Естонија, Албанија, Тунис, Маурициус, Јамајка, Либан, Палестина, Белизе, Антигва и Барбуда, Суринам и Брунеи.

Шпанија, Лихтенштајн и Мароко влегоа во „жолтата зона”, по падот на бројот на нови случаи на коронавирус.

Со зголемување на инциденцата, Норвешка, Австрија, Босна и Херцеговина, Луксембург, Виетнам и Обединетите Арапски Емирати се преселија во „жолтата зона”, додека Финска, Малта, Андора влегоа во „зелената зона”.

 

МИА

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1