ММС

Објавено на: 09/3/21 10:22 AM

Хорор во САД: Родител си ги нашол децата мртви во автомобил пред градинка, внатре биле девет часа

Дваесетмесечните близнаци Брајсон и Брејден МекДаниел биле пронајдени мртви на задното седиште во автомобилот на своите родители откако еден од родителите дошол да „ги земе“ од градинка околу 17,40 часот во градот Колумбија, Јужна Каролина во САД.

Се чини дека децата биле затворени во автомобилот од утрото и веројатно починале поради изложеност на преголема топлина, рече патологот Надја Рутерфорд пред новинарите.

Температурите во Колумбија биле околу 27 степени целзиусови. Таа додаде дека родителите се избезумени, но не ги наведе нивните имиња затоа што не сака да ги криминализира во случај да се работи за несреќен случај.

– Не можеме да зворуваме за тоа како и зошто децата биле толку доло оставени во возилото. Ако се покаже дека се работело за несреќен случај, на родителите треба да им се овозможи мир. Но, ако се работи за кезнено дело, ќе направам се само за да биде спроведена правдата за бебињата – рече Рутерфорд.

Извор: 24sata.hr


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1