ММС

Објавено на: 09/3/21 7:22 AM

Не ја плукнав снимателката – Мерилин Менсон обвинет за недозволен физички контакт

Пејачот Мерилин Менсон (52) тврди дека не е виновен за плукање по снимателката Сузан Фонтејн на концерт во Њу Хемпшир во 2019 година. Фонтејн побара оштета од околу 38.000 долари од музичарот. Адвокатите на музичарот рекоа дека плунката на славниот пејач случајно паднала на раката на снимателката, а тие ги сметаат обвинувањата за смешни.

Обвинението доаѓа од камерман чија биографија вклучува работа со Елтон Јохнон, Шер, Аеросмит и многу други.

Фонтејн вели дека билана сцената кога Менсон и пришол, го ставил лицето блиску до камерата и ја плукнал. Плунката му падна на двете раце. Снимателката во изјавата рече дека Менсон повторно и се приближил, ја покрил едната ноздра и дувнал.
Фонтејн ја спуштила камерата и отишла во тоалет да ги измие рацете, во кои имало телесни течности на Менсон.

Менсон, чие официјално име е Брајан Хју Ворнер, се предал на полицијата во Лос Анџелес во јуни, откако била распишана потерница за негово апсење поради наводниот напад врз Фонтејн во 2019 година.

Станува збор за случај од 2019 година, а во тужбата се наведува дека Менсон ја плукнал камерманката, што се смета за „недоволен физички контакт“.

Ова е само една од низата правни проблеми за пејачот, кој неодамна беше обвинет од неколку жени за сексуална злоупотреба, вклучувајќи ја и неговата поранешна свршеница, Еван Рејчел Вуд, и актерката Есме Бјанко.

Извор: telegraf.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1