ММС

Објавено на: 09/2/21 10:18 PM

(ВИДЕО) Најнеобична венчавка: Се качувале три дена за да го кажат судбоносното „да“ на речиси 7.000 метри надморска височина

Џони Пачеко и Хајди Пако од Боливија, имале една од најоригиналните свадби досега.

Тие го кажале своето судбоносното „да“ на врвот на планината Илмани, која се наоѓа во близина на главниот град Ла Паз, на надморска височина од 6.439 метри.

Овој необичен пар се занимава со планинарење, а покрај тоа се и големи љубители на природата, па знаеја дека нивниот најсреќен ден во животот ќе биде различен од она што го налагаат обичаите.

Сепак, подготовките за овој ден не биле лесни.

Искачувањето до врвот траело цели три дена, а најтешко било за гостите на венчавката, кои морале да ја носат венчаница за невестата, како и храна за прославата.

Снимката покажува дека сите присутни биле целосно опремени, вклучувајќи кабли, специјални чизми за планинарење и шлемови.

Извор: Магазин.новости.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1