ММС

Објавено на: 09/2/21 11:25 PM

(Фото галерија) Го нема Пандев, нема ни голови – Боби Милевски дебитираше со реми

Македонската фудбалска репрезентација одигра нерешено без голови против Ерменија во квалификациите за Светското првенство во Катар. Во ерата по Горан Пандев кој се прости од националниот дрес во јуни на Европското првенство, Македонија, подмладена и со нов селектор ја продолжи борбата за нов пласман на големите натпреварувања, но наиде на ѕид на првиот меч пред публика.
Но, џабе бившиот капитен Горан Пандев е еден од носителите на владината кампања за вакцинација против Ковид19 кога на првиот меч на Македонија откако тој се пензионираше се собраа околу 3.000 вакцинирани или прележани гледачи. Со новите ковид протоколи капацитетот на арената Тодор Проески во Скопје е 18.000 гледачи но дојдоа само петтина од нив да ја бодрат македонската репрезентација на чија клупа дебитираше новиот селектор Боби Милевски.
Ако судијата не се сопнеше, публиката немаше со што да се забавува во двете полувремиња во кои нашите фудбалери напаѓаа но не ги искористија шансите.

      

О.К.

Фото: Вангел Тануровски

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1