ММС

Објавено на: 09/2/21 8:13 PM

„Нејзиното заминување е близу“ – Актерката се бореше со болеста како лав, а сега е во последна фаза

„Нејзиното заминување е близу“, тврди извор близок до познатата актерка, која со години води болна битка со ракот на дојката.

Актерката стана симбол на борбата против ракот на дојката, од кој страда од 2015 година

Актерката Шенон Доерти (50) минува низ тежок здравствен период – минатата година откри дека повторно има рак, но дека овој пат нема лек, бидејќи е во последна – терминална фаза.

Во последните денови, таа сподели објава на Инстаграм која ги вознемири нејзините следбеници.

– Дали некогаш сте почувствувале дека имате толку многу да кажете, а знаете дека нема да можете? – напиша актерката која, според блиски извори, секој ден е се полошо.

Актерката, која обично споделува инспиративни цитати и фрази што ве повикуваат да размислите за животот, го привлече вниманието со оваа содржина, што ги натера многу нејзини обожаватели да помислат дека нејзиното здравје одеднаш се влошило.

Лошата вест ја потврди и извор близок до актерката, кој наведува дека Шенон е „подготвена да си замине“ и дека не се плаши од смртта.

– На човекот му е доста од борба со ветерници. Така и се смачи да се бори со ракот. Иако не се откажува, свесна е дека нејзиното заминување е близу бидејќи наодите се доста лоши и воопшто не ветуваат – рекол изворот.

Шенон успеа да го победи ракот на дојката во 2015 година, откако беше подложена на мастектомија и хемотерапија.

Меѓутоа, во февруари 2020 година, таа беше поканета на програмата „Добро утро Америка“, каде рече дека повторно и била дијагностицирана болеста.

– Ужасена сум. Најмногу страдам поради мојот сопруг и мајка ми, на кои тоа им е многу тешко – рекла тогаш.

– Повторно имам рак, фаза 4. Тој метастазираше во моето тело и знам што значи тоа. Се прашував многу пати: “Зошто јас?”, И тогаш си реков: “А зошто не и јас?” Тешко ми е – рече актерката.

– Се обидувам да живеам секој ден како неверојатен, скапоцен подарок кој сум го добила. Не сум сигурна дали сум подготвена да заминам – истакна актерката минатата година.

Извор: Стил.курир.рс


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1