ММС

Објавено на: 09/2/21 6:43 PM

Починаа 23 лица за еден ден, нови 760 случаи со Ковид-19

Во последниве 24 часа направени се 5.724 тестови при што регистрирани се нови 760 Ковид-случаи, оздравени 644 пациенти и 23 починати лица, соопштуваат од Министерството за здравство.

Од новозаразените 325 се од Скопје, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.

Починати се 23 лица и тоа девет од Скопје (82г,81г,79г,71г,70г,60г,59г, 58г и 48г), по два од Куманово (77г и 67г), Прилеп (81г и 78г), Гостивар (74г и 65г), Струмица (83г и 68г), Кичево (73г и 71г) и Дебар (75г и 59г) и по едно починато лице од Тетово (48г ) и Виница (47г). Сите пријавени лица се починати во болнички услови.

Оздравеле: од Скопје 219 пациенти, Тетово – 94, Гостивар – 81, Куманово – 47, Струмица – 34, Кавадарци – 24, Дебар – 22, Кичево -21,Битола и Ресен – по 12, Велес – 10, Кочани – 9, Радовиш – 7, Прилеп ,Штип и Кратово – по 6, Неготино – 5, Гевгелија, Свети Николе, Берово и Виница – по 4, Валандаво ,Македонски Брод и Пехчево – по 2, Охрид, Струга, Крива Паланка, Делчево ,Богданци, Демир Хисар и Македонска Каменица – по 1.

Вкупната бројка на Ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1