ММС

Објавено на: 09/2/21 2:53 PM

Министерството за финансии очекува раст од 4,1 отсто и инфлација од 2,1%

Министерството за финансии е убедено дека државата годинава излегува од кризата и влегува во раст и заздравување, а стабилни и се и олекувањата за раст од 4,1 проценти и инфлација од 2,1 процент годинава.

– Годинава нема да биде лесна и свесни сме за сите предизвици и за проекциите на Светска банка и ММФ за ковид и очекувањата на инвеститорите. Од аспект на приходите на буџетот се позитивни и очекување веќе во вториот квартал да излеземе од кризата, посочија од Министерството за финансии на денешниот брифинг.

Заклучно со 30 јуни јавниот долг изнесува 64,4 проценти, додека состојбата на државниот долг заклучно со 31 јули, што е последен податок, е дека тој изнесува 52 проценти.

Од Министерството за финансии потврдуваат дека цврсто стојат на својата заложба за стабилизирање на долгот и негово позиционирање ниво од 60 проценти од БДП, што е во рамки на мастришкиот критериум.

-На среден рок, односно до 2026 година, проекциите во Стратегијата за управување со јавниот долг се дека тој ќе се стабилизира и ќе се намали на 57,7 проценти, додека државниот долг ќе се сведе на 50,7 отсто, брифираат од МФ.

Капиталните расходи заклучно со 1.09.2021 година, изнесуваат 39,85 проценти. Во финансиски средства тоа изнесува околу 11,8 милијарди денари, што е повеќе споредено со минатата 2020 година, кога тоа изнесувало 7,7 милијарди денари.

– Ќе има подобрување во однос на минатата година, но не очекуваме нешто спектакуларно. Ние го зголемивме финансиското учество во капиталните расходи, додека кај капиталните инвестиции мислам дека ќе успееме да бидеме во рамки на просекот. Годинава има и избори, што исто тката е ограничување и влијае на успената реализација, велат од МФ.

Во однос на барањата за нов пакет мерки, истакнуваат дека се во постојана комуникација со стопанството и дека следат и реагираат соодветно. Посочуваат дека со ребалансот на Буџетот биле предвидени средства за поддршка на компании групи во општеството со заеми, поддршка за плати, за извоз и развој, кои се уште се спроведуваат.

– Сега за сега во оваа фаза е тоа што е досега најавено и се реализира во согласнот со буџетски предвидената поддршка. Има мерки што се спроведуваат, брифираат од Министерството за финансии.

 

МИА

 

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1